Македонија
25. September 2025 - 12:22

Ден без автомобили во Прилеп

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин“ од Прилеп се приклучува на одбележувањето на Европската недела на мобилност со повеќе активности и вклучување на сите ученици од училиштето. Ученици од I – III одделение правеа полигон вежби со велосипеди и тротинети во училишниот двор, учениците од IV и V одделение имаа велосипедска тура низ градот, ученици од VI – IX одделение возеа со велосипеди од Прилеп до спортскиот аеродром во с. Мало Коњари и назад. А исто така една група на ученици од IV – IX одделение изведоа пешачка тура до манастирчето Покров на Пресвета Богородица“ на пат кон с. Волково.

Целта на оваа организација е да ја поттикнеме свеста кај младите, односно кај децата за здрав живот, нормално и за совесно и свесно учество во сообраќајот на тој начин што ја изведуваме оваа активност за возење на велосипеди низ градот и до село Мало Коњари. Се придружуваме нормално на активностите кои се спроведуваа за Европската недела на мобилност со оваа наша активност, која ја спроведуваме не за прв пат, туку почнува да станува и традиција. Воннаставна активност е и се надеваме на успешен ден“, рече Елена Апостолоска, организатор на акцијата.

Од училиштето велат дека треба да се работи на тоа децата, мно и нивните родители да стекнуваат се повеќе навики на здрав начин на живот, возење велосипеди или пешачење, наместо децата да доаѓаат на училите носени со автомобили и мотори.

Да ја поттикнеме свеста не само кај учениците, туку и кај родителите и оние кои ги носат децата со автомобили повеќе да не ги носат, децата или да се движат пешки, или наместо да купуваат веспи, ромобили, електрилни тротинети, да купуваат велосипеди и на тој начин не само што ја заштитуваме животната средина, туку го заштитуваме и здравјето на нашите ученици“, додаде Јулијана Тренкоска, директорка на ООУ Кочо Рацин“.

Учениците со радост и голема желба беа дел од оваа акција.

Многу сакам да возам велосипед, не сум сигурен колку денови неделно возам, но многу сакам да возам велосипед.

Зошто сакаш да возиш велосипед?

Затоа што ми е убаво, интересно ми е и убаво се чувствувам“, вели еден од учениците.

Јас сакам многу да возам велосипед бидејќи многу ми е интересно. На ден возам по половина час до час низ моето маало.

Возиш сам или заедно со другарчињата?

Некогаш со другарчињата, некогаш сам“, додаде друг ученик.

Многу сакам да возам велосипед затоа што ми е интересно и забавно“, кажа трет ученик.

Во органзиаицја на настанот Ден без автомобили“ беа вклучени и полицијата од Прилеп, Итната помош, како и учениците од СОУ Ристе Ристески Ричко“ од сообраќајниот смер.