Македонија
4. April 2017 - 20:53

Денеска е 37 ден од протестите на иницијативата За заедничка Македонија

Дождот и лошото време не ги спречија граѓаните масовно да излезат и на денешниот 37 по ред протест на иницијативата За Заедничка Македонија.

Илјадниците граѓани кои и денеска маршираа од Владата до Собранието едногласно се против тиранска платформа и сакаат државата да си остане унитарна.

Организаторите пред собранието порачаа дека ќе има нови избори на кои граѓаните ќе можат да ја одберат иднината. Говори имаа и генералот Митре Арсовски и професорот Томислав Тодоровски.

-Во Македонија ќе работи влада со програма создадена тука и програма за која гласале граѓаните на избори. Доколку некој сака после избори да наметне друга програма создадена во друга држава, која води кон поделба на државата, имаме една работа да му порачаме „Ќе има нови избори каде што граѓаните ќе ја одберат својата иднина“, изјави Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија.

- Интелектуалците во Македонија треба да направат платформа.Во нашата декларација мора да пишува „Оној Македонец кој ја предаде својата држава, нека оди сам во затвор“, истакна, Генералот Митре Арсовски

-Овие предаства не се од сега и во минатото се случувале вакви предавства од нашите,  изјави проф. д-р Томислав Тодоровски.

Организаторите од иницијативата За Заедничка Македонија и за утре закажаа нов протест за во 17 часот пред Владата.