Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста

Во Скопје денеска попладне ќе се одржи Парадата на гордоста, која ќе започне од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк.
Организаторите посочуваат дека настанот претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава. Според нив, овогодишната Парада се организира во период на засилени општествени и политички предизвици, испраќајќи пораки за видливост, солидарност и спротивставување на дискриминацијата.
Маршрутата на движење ќе започне од Градскиот парк, продолжувајќи по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“, до крстосницата со улицата „Васил Главинов“. Оттаму учесниците ќе се движат по улицата „Димитрие Чуповски“, а завршницата на настанот е предвидена во паркот „Жена борец“ на улицата „11 Октомври“.
Поради одржувањето на Парадата на гордоста, надлежните најавија воведување на посебен режим на сообраќај на улиците низ кои ќе се движи маршот.
Ново на Сител
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
