Loading Video...
Кошарка
22. October 2022 - 10:45

Денвер го доби дербито со Голден Стејт

Од 12-те синоќешни средби одиграни во НБА лигата издвојуваме три. 
 
Актуелниот шампион Голден Стејт загуби пред своите симпатизери во дуелот со Денвер со 128:123 Стеф Кари со 34 поени беше најефикасниот играч на натпреварот, но недоволно „Воините“ да стигнат до победа. На спротивната страна Никола Јокиќ за победничката екипа оствари трипл-дабл со 26 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
 
Најголема неизвесност имаше на дуелот во Портланд каде гостуваше Феникс, а победникот беше решен по дополнителните 5.минути игра. 
 
Демјан Лилард со 41 постигнат поен му донесе триумф на Портланд со 113-111, иако гостите имаа можност да стигнат до ново продолжение, но Еитнот не реализира две слободни фрлања. 
 
Продолжение се играше и на дуелот меѓу Минесота и Јута кој го добија гостите со 132-126. 
Едвард и Таунс кај домаќините постигнаа по 30 односно 27 поени, додека за гостите Кларксон постигна 29 поени, а Финецот, Марканен имаше дабл-дабл со 24 поени и 13 скокови.