Loading Video...
Кошарка
25. April 2022 - 14:28

Денвер и Њу Орлеанс ја продолжуваат плејоф серијата против Голден Стејт и Феникс

Екипата на Денвер остана остана во игра во плејофот откако пред својата публика го совлада Голден Стејт ао 126-121 со што ја намали предноста на „Вориорси“ на 3-1 во победи во серијата подобар до четири.
Никола Јокиќ со 37 поени и 8 скокови беше најдобриот поединец во победничката екипа, а кај гостите Стеф Кари постигнаа 33 додека Клеј Томсон еден поен помалку.
 
На чекор во полуфиналето во Источната конференција е тимот на Мајами кој на гостувањето кај Атланта славеше со убедливи 110-86 со што „хитси“ поведоа со 3-1. Џими Батлер со дабл-дабл со 36 поени и 10 скокови беше најзаслужен за оваа победа на Мајами кој веќе во среда пред својата публика ќе има можост да го осигураат своето место во конференциското полуфинале. 
 
Затоа пак најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната ќе мора да се потруди повеќе ако сака полуфинале на западот. Имено тимот на Феникс загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со 118-103, па сега резултатот во меѓусебните дуели е израмнет 2-2. Инграм 30 поени и Валанчиунас со 26 поени и 15 скокови беа најзаслужни за оваа победа на Њу Орлеанс кој следниот меч ќе го игра на гостински терен.