Loading Video...
Кошарка
20. December 2021 - 11:19

Дерозан му донесе победа на Чикаго во дуелот со ЛА Лејкерси

Иако во во НБА лигата беа одложени повеќе натпревари проради пандемијата на Ковид19, сепак изминатата ноќ беа одиграни шест натпревари. 
 
Најголемо внимание привлече натпреварот во Чикаго, каде гостуваше тимот на ЛА Лејкерс, а победа забележаа домаќините со 115-110.
 
Иако дури осуммина играчи во двата тима имаат двоцифрен број на поени, сепак натпреварот мина во знакот на „двобојот“ меѓу Дерам Дерозан и Леброн Џејмс. 
 
Домашниот кошаркар запиша 38 поени, 6 асистенции и 4 скокови и беше најефикасен на натпреварот, со што им помогна на „Булси“ да ја остварат 18-тата победа сезонава, со која го презедоа 2.,место на табелата во Источната конференција.
 
На „Лејкерс“  не им помогнаа ниту дабл-дабл учинокот на Леброн Џејмс со 31 поен и 14 скока, како и Кармело Ентони кој постигна 21 поени, односно Расел Вестбрук кој имаше учинок од 20 поени, 9 скокови и 8 асистенции, па тимот од ЛА го претрпе 15-тио пораз. 
 
Најдобриот тим во лигата, Феникс ја запоиша и 24-тата победа. 
 
 „Сонцата“ славеа убедлива победа против Шарлот со 137-106 во меч во кој дури 13 кошаркари имаа двоцифрен број на постигнати поени, а најефикасен беше играчот на гостите Мајлс Бриџис кој постигра 26. 
 
На тимот на Далас, очигледно не му оди кога го нема својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ. Без него „Маверикси“  беа одново поразени и тоа на гостувањето кај Минесота со 111-105.
 
На победа се радуваше и најслабиот тим во лгата, Детроит кој го изненади Мајами со победата 100-90, со што „Пистонси“ стигнаа до својата само петата овосезонска победа во дури 29-те одиграни натпревари