Десет дена по поплавите се чисти теренот, се санираат штетите - Граѓаните задоволни од помошта која ја добиваат
Сите улици во Стајковци се пробиени. Населеното место го враќа изгледот од пред 6 август. Се чистатат улици, домови, се обновува инфраструктурата, во тек е дезинфекцијата. Војската, полицијата, пожарникари, вработени во јавни претпријатија сите заедно ги санираат штетите од катастрофалните поплави. На граѓаните чии куќи беа поплавени постојано им помагаат и над 1000 волонтери дневно. Како се одвива акцијата за чистење денеска увид на терен направи премиерот Емил Димитриев придружуван од неколку министри.
Граѓаните задоволни од помошта и брзата реакција на надлежните институции.
-Сега работиме на исплатата на авансот. Многу луѓе немаат трансакциски сметки и како Влада го регулираме начинот како да го исплатиме авансот. Кога проценките ќе бидат конечни, како ќе стануваат валидни, така ќе бидат исплаќани средствата. Нема да се чека целосно да заврши проценката. Големи средства ќе бидат ангажирани од Буџетот, но мора да покажеме солидарност и разбирање за луѓето изјави Емил Димитриев, премиер на Р. Македонија
По Стајковци Димитриев го посети и Инџиково кое исто така претрпе големи штети од поплавите.
Паралелно на терен се присутни и екипи на проценители. Досега само во Инџиково проценка е направена на околу 370 куќи. Според надлежните оваа процедура треба да заврши во текот на неделата.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
