Десеттата жртва од нападот во училиштето во Турција

Бројот загинати од пукањето во средно училиште во Турција се искачи на десет, откако во болница на повредите им подлегна еден од ранетите ученици, соопшти министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи.
Станува збор за ученикот Јусуф Тарик Ѓул, кој починал и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Според министерот, во нападот се повредени 13 лица, од кои шест се на интензивна нега, тројца се во критична состојба.
Нападот се случи во средното училиште „Ајсер Чалик“ во провинцијата Кахраманмараш, каде на лице место беа убиени наставничката по математика Ајла Кара и девет ученици.
Напаѓачот, 14-годишниот Иса Арас Мерсинли, исто така починал за време на инцидентот. Гувернерот Мукерем Унлуер изјави дека не е целосно утврдено како настрадал, додавајќи дека случајот е под истрага.
Според првичните информации, ученикот во средата отворил оган во две училници. Се претпоставува дека оружјето го зел од својот татко, пензиониран полицаец.
Властите соопштија дека мотивите за нападот засега не се познати и дека истрагата е во тек.
Ново на Сител
-

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи
-

ЕУ се соочува со голем демографски пад - до крајот на векот ќе остане без 53 милиони луѓе
-

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран
-

Иран делумно го ослободи пристапот до Интернет, дозволени телефонски разговори со странство
-

Маѓар: Ограничувањата на цената на горивата ќе останат на сила и по преземањето на власта
-

Орбан: Јас сум одговорен за неуспехот на изборите, потребна е целосна обнова на десницата
-

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
-

Десеттата жртва од нападот во училиштето во Турција
