Македонија
10. јуни 2019 - 11:17
Детектор истражува: Има ли надеж за училиштето во Башино село
Учебната година завршува денеска, а учениците кои посетуваат настава во подрачното училиште ,,Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во велешкото Башино село се надеваат дека со оваа учебна година ќе завршат и маките кои ги имаат во образовниот процес.
По најавите дека од септември ќе се вратат во сосема поинакви услови можат барем со надеж дека ќе се вратат во подобри услови да заминат на летен распуст.
Градоначалникот Коцевски во емисијата Детектор најави дека градежните работи ќе започнат веднаш по завршување на учебната година. Погледнете во какви услови следат настава учениците од ова село.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
