Детето со убод во срце во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска информираше дека 13-годишното дете со убод во срце е во стабилна, но, сѐ уште животозагрозувачка состојба.
-Последната информација, за жал, ми е од вчера. Стабилно, во животозагрозувачка состојба, сѐ уште. На добрата страна - кинетиката - движењето на срцето е во ред, меѓутоа, сѐ уште е во животна опасност - одговори Клековски на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Прашан за ризикот од можна епидемија на морбили, по зголемениот број случаи во соседството, тој повторно упати предупредување имајќи предвид дека 62 отсто од учениците се вакцинирани против морбили, што е недоволно за колективен имунитет.
-Ние предупредивме на ризикот од тоа бидејќи во Косово и Бугарија веќе има зголемен број на случаи. Во основа, Институтот за јавно здравје ги спроведе сите неопходни активности за информирање, меѓутоа вие знаете дека во основа имаме, посебно во некои урбани средини - силно противење на вакцинацијата. И мораме да погледнеме малку поаналитички како тоа да го надминеме, бидејќи нема логика во условно кажано помалку развиени средини да имаме многу висок степен на опфат, вклучувајќи и со помалку прифатени вакцини како ХПВ-то, а од друга страна во средините кои се најразвиени, каде што образованието е на највисок степен, да имаме најнизок степен на опфат. И тоа е предизвик со кој мораме малку поаналитички, системски да се соочиме - одговори Клековски.
Во однос на опфатот на пациенти со цистична фиброза кои може да примаат „трикафта“, министерот најави дека ќе има промени многу бргу.
-Многу набргу ќе има промени таму, ќе ги објавиме. Очекувам дека на крај на месецот ќе има нови објавени протоколи и ќе имаме нов опфат и на возрасна група и на генетски варијации - појасни Клековски.
Тој потврди дека со промените се планира и децата кои се над двегодишна возраст да може да го добијат лекот „трикафта“.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција
-

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
-

Ѓорѓиевски: Над 200 камери ќе бидат поставени на критични точки низ Скопје за спречување на вандализмот
-

Кривична пријава за Јани Макрадули, поранешен директор на „Пошта“, поради злоупотреба на позицијата
-

Синдикалната минимална кошница за октомври надмина 70.000 денари
-

Мицкоски: Високо образование на мајчин јазик е неспорно, македонскиот е официјален јазик во правосудниот систем
-

Роналдо доби казна од 255 евра - пари кои тој ги заработува за само 39 секунди
-

Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
