Македонија
18. July 2025 - 16:56

Детска болница Козле доби вода


Проблемот е саниран, попладнево протекоа чешмите во Детската болница Козле. Информацијата за Сител ја потврди и директорката на болницата. 

По интервенцијата на надлежните од Водовод и канализација клиниката се враќа во нормално функционирање. 

Пред решавање на проблемот претходеше и реорганизација на пациентите, поточно за хоспитализација се носеа во Детска клиника, а потешките случаи и на Клиниката за инфективни болести.