-->
-->
Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-->
Деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје–Тетово.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 14:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (67) од село Арнакија, општина Сарај, и електричен тротинет управуван од деветгодишно дете од истото село.
Детето било пренесено во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините за инцидентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
-

Оризопроизводството на работ на опстанок
-

Врничкото насилство не запира
-

Преглед на вестите од светот
