Македонија
27. February 2023 - 16:34

Деветмесечното бебе чека резултат од тестирањето за туберколоза, семејството имало уште три деца

Анализите земени од деветмесечното бебе кое веќе четврти ден е на механичка вентилација на клиниката за детски болести, треба да покажат дали е активно на туберкулоза. Заразната болест ја има мајката која од денеска е пациент на Институтот за ТБЦ а уште три деца од семејството ќе бидат хоспитализирани во болницата во Козле за тестирања но и добивање на соодветна терапија.

Бебето е неухрането, тежи само три килограми и како што велат од Детска не можеле да добијат податок дали има матичен лекар и како стигнало во ваква состојба. Во Системот Мој Термин било регистрирано само двапати.

-Во Мој термин има во јануари нотирано еден преглед како настинка, дадена терапија што е незамисливо за ваква состојба. Исто така имаме податок и за во октомври минатата година кога примило вакцина БСЖ која исто така во ваква систуција можело да ја влоши состојбата. Тоа сега е кај нас, изолирано, еден доктор и една сестеа се грижат за него и ќе ги чекаме резултатите, вели проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ директор на Клиника за детски болести.

Според поатоците што ги добиле на Детска ова семејство не е предмет на третман на социјалните служби но нема никаков извештај за претходна негова хоспитализација.

-Дали нејзината психофизичка состојба дозволувала цуванње на бебе, кој го чувал бебето за да биде вака неухрането, вели проф. д-р Фуштиќ.

 Бебето во петокот ноќта со Брза Помош било пренесено од Козле на Клиниката за детски болести. Првично беше на одделот за интензивна нега каде дојде до загриженост за здравствената состојба на предвремено родените бебиња хоспитализирани на одделот. Сега деветмесечното бебе е изолирано во посебна просторија.