Деветнаесет маратонци денеска ќе пливаат на 37. Охридски пливачки маратон
Деветнаесет маратонци, осум во женска и единаесет во машка конкуренција, ќе учествуваат на годинешниот 37-ми Охридски пливачки маратон што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Пливачи од девет држава ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид.
Стартот на трката е закажан за 11 часот во Свети Наум. Засега временските прилики се поволни, без посилен ветар, така што може да се очекува добра трка и првите пливачи да бидат на целта некаде по 16:30 часот.
Боите на Македонија оваа година ќе ги бранат четворица маратонци и тоа Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева.
Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои по две илјади се предвидени за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е завршниот настан на Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.
Ново на Сител
-
Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година
-
Приведен 54-годишен возач во Штип, управувал возило под дејство на алкохол
-
Данте стана најстариот играч во историјата на Лигата на Европа
-
ЦУК: Активни три, под контрола четири пожари
-
Продолжува лекарскиот скрининг на населението во Трубарево, вчера прегледани 111 лица
-
АБА лигата ќе има нов тим – доаѓа од Саудиска Арабија
-
Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме, поразен со 31:28
-
Меси осамен на врвот на листата голгетери во МЛС