Деветнаесет маратонци денеска ќе пливаат на 37. Охридски пливачки маратон
Деветнаесет маратонци, осум во женска и единаесет во машка конкуренција, ќе учествуваат на годинешниот 37-ми Охридски пливачки маратон што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Пливачи од девет држава ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид.
Стартот на трката е закажан за 11 часот во Свети Наум. Засега временските прилики се поволни, без посилен ветар, така што може да се очекува добра трка и првите пливачи да бидат на целта некаде по 16:30 часот.
Боите на Македонија оваа година ќе ги бранат четворица маратонци и тоа Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева.
Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои по две илјади се предвидени за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е завршниот настан на Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.
Ново на Сител
-
Од утре до понеделник дожд, грмежи и постудено
-
Цистерна со нафта се преврте и се запали кај Гевгелија | ФОТО
-
Акциска контрола во Гостивар: Санкционирани пет лица за вршење јавен превоз без лиценца
-
Џ.Д. Венс: Доколку Русите ги отфрлат преговорите, тоа ке биде многу, многу лошо за нив
-
Шарл Мишел предлага создавање Совет за безбедност на ЕУ по моделот на ОН
-
СПМ: Изјавите кои доаѓаат од ДУИ соддржат наратив на поделби и повторно создавање на етнички тензии
-
Германец скршил 5 пршлени на р'бетот при параглајдинг несреќа на Галичица
-
BMW X3, Citroen C4 и магацин на маркет изгореа вчеравечер кај Зелен пазар | ВИДЕО