Деветнаесет учесници на 37-от Охридски пливачки маратон

Деветнаесет маратонци од девет држави го најавија учеството на годинешниот 37-ми Охридскиот пливачки маратон што в сабота ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Единаесет пливачи во машка и осум во женска конкуренција ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид.
Боите на Македонија оваа година ќе ги бранат четворица маратонци и тоа Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева.
Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои две илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид Покрај Охридскиот пливачки маратон, оваа година во водите на Охридското Езеро утре и задутре ќе се одржи и Балканското првенство на отворени води во јуниорска конкуренција на кое учество ќе земат околу двеста млади пливачи од регионот.
Ново на Сител
-

Од црква во Чаир одземен бакарен лим од кровот вреден над 150.000 денари
-

Светска програма за храна: Војната во Иран може да доведе до акутен глад за 45 милиони луѓе
-

Татко кој физички и психички си ја малтретирал ќерката, која паднала од балкон во Тетово, сам се пријави во полиција
-

Шилегов: Исклучување од членство од партијата врши општинската организација, а не Филипче и раководството на СДСМ
-

Се фалсификувале документи за „Мерцедес-Мајбах“ и Буџетот се оштетил за 1,9 милиони денари
-

11-годишно девојче прегазено во Скопје, возачот избегал
-

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик
-

Попладне дожд, од утре пад на температурите и најави за снег
