ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржаа првата седница, на која разгледаа и едногласно усвоија шест точки од дневниот ред.
Едногласно беа донесени одлуките за определување исплата на надомест на ангажираните лица како помошни тела во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, потоа одлука за усвојување на извештајот за извршување попис на инвентар и друг материјал за 2025 година, како и одлука за ангажирање лица во работната група за серверска и мрежна инфраструктура, одржување база на податоци и обработка на Избирачкиот список и определување надомест за ангажираните лица.
Во рамките на петтата точка од дневниот ред беше усвоен и заклучокот за прифаќање на известувањето до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информира дека по доставениот нацрт-извештај од ДЗР, добиен на 12 јануари 2026 година, Комисијата доставува известување со свои видувања на првичниот извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи за 2024 година.
И ова известување на ДИК до Државниот завод за ревизија беше едногласно донесено од страна на членовите на Државната изборна комисија.
МИА
Ново на Сител
-

Орбан: Планот на ЕУ за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија
-

Случаите на морбили во опаѓање во Европа, но СЗО останува загрижена
-

Седум возачи лишени од слобода поради управување возило без дозвола
-

„Не давајте пари, заработуваат повеќе од сите нас“, доктор Лазаров алармира за лажни просјаци на клиниките
-

На клиника во Дуизбург Македонец со коронарна срцева болест опериран со роботски систем од страна на доктор со македонско потекло
-

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
-

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Куманово: БМВ и камион се судрија, возилата изгореа | ВИДЕО
-

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
