ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 157-ма седница ги прогласи Локалните избори 2025 за официјално и конечно завршени.
Членовите на ДИК го донесоа и дополнувањето на заклучокот за конечност на резултати од гласањето на вториот круг за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и Заклучокот за завршување на локалните избори 2025 за избор на членови на советите на општините, совет на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.
Претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека денеска е рокот кога ги објавуваат конечните резултати и заклучокот за завршување на изборите, откако вчера ги добиле официјално и одлуките на Управниот суд со кои се одбиени сите тужби, односно со кои се потврдени одлуките на ДИК за одбивање на претходно донесените приговори.
-Овој заклучок за завршување на локалните избори 2025 година гласи: Со објавувањето на конечните резултати од гласањето во првиот круг спроведен на 19.10.2025 и конечните резултати од гласањето во вториот изборен круг за гласање спроведено на 2.11.2025 година за избор на членови на општините и Совет на Град Скопје и градоначалници на општините и градоачалник на Град Скопје, ДИК информира дека огласно член 31 став 2 точка 22 од Изборниот законик, локалните избори 2025 заклучно со денес 12 ноември 2025 се конечно и официјално завршени, рече Кондарко.
ДИК на денешната седница го донесе и дополнување на заклучокот за конечност на резултати од гласањето во вториот круг за избор на градоначалници на општините, за градоначалник на Град Скопје одржани на 2.11.2025 за соодветните општини каде што имаше гласање во вториот круг.
-По истекот на спроведените законски дејствија и поминатите законски рокови за поднесување приговори до ДИК и за поднесување тужби до Управниот суд, во постапката за сумирање и утврдување резултати од ласањето, ДИК ги објавува конечните резултати за избор на градоначачник на општините во постапката по приговори и тужби каде што постапката е завршена односно ова дополнување на заклучок за конечни резултати за завршено гласање за вториот круг каде што имаше поднесено приговори и тужби, конкретно - Општина Брвеница избран кандидат за градоначалник Јовица Илиевски коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Општина Карпош Сотир Лукровски избран кандидат за градоначачник коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Курто Дудуш Унија на Роми, избран кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари, посочи Кондарко.
На седницата беа објавен и конечните резултати од прегласувањето на избирачките места 2961, 2962, 2966 за избор на членови на Совет на Општина Шуто Оризари спроведено на 2.11 по истекот на законските рокови за поднесување приговори до ДИК и поднесување тужби до Управниот суд.
-Под реден број 4 на гласачкото ливче Национална алијанза за интеграција (НАИ) има освоено 4 мандати во Советот на Општина Шуто Оризари, под реден бр 7 на глсачкото личе коалиција ВЛЕН 4 мандати во Советот, под реден број 9 на гласчакото ливче коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ 4 мандати, под реден број 11 Сојуз на Роми еден мандат во Советот, под реден бр 17 Унија на Роми пет мандати во Советот, под реден број 24 на гласчакото ливче Демократски сили на Ромите, еден мандат во Советот дополни Кондарко.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари
-

Апел за совесно и одговорно фрлање отпад - Се чистат диви депонии во Аеродром
-

Истрага против лице од Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството
-

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен
-

За Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје
-

Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната една и пол година, вели Мицкоски
-

Загрижувачки тренд поради кој жените се откажуваат од љубовните врски
