Македонија
15. May 2020 - 17:00

ДИК го усвои извештајот што го побара Пендаровски

Ревидирање на избрачкиот список и кампања се двете изборни дејствија што треба да бидат направени во тековниот период за да се организираат одложените избори. Државната изборна комисија го достави известувањето до шефот на државата Пендаровски кое треба да помогне политичките лидери да ја донесат одлуката за датум за избори.

Според првиот човек на ДИК новото прочистување на Избрачкиот список треба да се направи со роковите согласно Изборниот законик и тоа по вонредната состојба согласно сегашната Уредба на владата.

Од друга страна, членот на ДИК Борис Кондарко вели дека не може пред време да се каже колку овој процес ќе трае.

Извештајот на ДИК и протколите од Комсијата за заразни болести се двата документи кои беа побарани од политичките лидери за тоа дали постојат услови за одржување на изборите на средбата кај Пендаровски во вторникот. Нова лидерска средба кај претседателот за утврдување на датумот за избори е најавена наредната недела.