Македонија
26. September 2025 - 16:41

ДИК го затвори избирачкиот список – 1 832 415 избирачи имаат право на глас

Државната изборна комисија го заклучи единствениот избирачки список за локалните избори на 19-ти октомври. Вкупно 1 832 415 запишани избирачи ќе можат да го остварат избирачкото право. Своето право на глас ќе го остварат и 112 000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2 162 избирачи кои се во притвор или издржуваат затворска казна и 450 избирачи од домовите за стари лица.

Од вкупно регистрирани 3 480 избирачки места, на 132 избирачки места во 32 општини низ државата кои имаат помалку од 10 гласачи, својот глас ќе можат да го дадат во најблиското избирачко место.

Согласно роковникот на ДИК, од понеделник и официјално стартува изборната кампања во која кандидатите за градоначаник и советите во општините и Градот Скопје, преку директни средби со граѓаните ќе се обидат да добијат што повеќе гласови на своето конто.