ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 13 часот утринава изнесува 20,50 отсто, односно своето право на глас го оствариле 3.331 избирач, информира Државната изборна комисија. Споредено со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 1.48 проценти.
- Според пресекот направен во 13 часот и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 3.331, или изразено во проценти 20.50 отсто, се вели во соопштението од ДИК.
Во однос на заштитата на личното избирачко право, од Државната изборна комисија информираат дека до 13 часот се пристигнати шест приговори, од кои три се усвоени, додека три приговори се одбиени како неосновани.
Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15:30 која ќе се одржи во седиштето на ДИК.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
