ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти

До 18:30 часот на повторните локални избори гласале 35 984 лица или 28,07 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
-Во општина Врапчиште гласале 8659 лица или 31,76 отсто, во општина Гостивар 28,22 проценти или 23363 гласачи, во Маврово - Ростуше 28,04 проценти или 2965 лица, додека во општина Центар Жупа 13,18 проценти или гласале 997 избирачи, истакна на прес-конференцијата портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.
Како што истакна таа, споредено со изборите во 2025 година зголемување на одѕивот се бележи во Врапчиште и тоа за 7,35 проценти, а намалување има во Гостивар за 4,16 проценти, во Маврово и Ростуше 0,54 проценти и Центар Жупа каде е регистрирано намалување од 8,12 проценти
Поради задоцнето отворање ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.
Гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
МИА
Ново на Сител
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
