Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди

Проблемот околу инфлацијата, просечната плата е малку покомплексен и треба време за да се среди. Работиме во континуитет, не сме застанале во тој дел, истакна денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарски прашања на пре-конференција.
Еден од приоритетите на Народната банка, нагласи, е инфлацијата.
- Знаеме дека имавме два моменти кои беа клучни во изминатиот период што се случуваа и не можат да се средат преку ноќ. Едниот момент е колективните договори, кои што ги имаат различни институции, со кои во континуитет преговараме и договараме како понатаму, но ние мораме да ги испочитуваме обврските кои некој пред нас ги превземал, тоа е едниот момент. И вториот момент кој мене многу повеќе ме загрижува тоа е дека просечната плата и понатаму ќе расте поради тоа што нема доволно работна сила и компаниите во приватниот сектор имаат голем проблем со ова. Сега се трудиме нешто да направиме во тој дел со преквалификации, одредени промени на закони, но треба време да се направат анализи, рече Димитриеска-Кочоска.
Со гувернерот, нагласи, дека треба да се усогласени.
- Фискалната и монетарната политика мора да бидат усогласени една со друга. Утрово го имавме првиот состанок со гувернерот, се договоривме за почести состаноци во насока да имаме координирана заедничка политика, затоа што фискалната и монетарната политика мора да функционираат една со друга, додаде министерката за финансии.
Во однос на финалната потрошувачка, појасни, растот на плати од 10 отсто по автоматизам значи и финалната потрошувачка.
- Луѓето добиваат повисоки плати, повисоки пензии и финалната потрошувачка расте. Тука воопшто немаме никава дилема. Во однос на инфлацијата, ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, знаеме дека имаше и мерки спроведени од страна на Владата и тој дел се следи, ќе се координираме со монетарната политика, ќе спроведуваме и ќе реагираме соодветно на предизвиците кои што ќе следат, подвлече Димитриеска-Кочоска.
Ново на Сител
-

Трамп го означи опоидот фентанил за „оружје за масовно уништување“
-

Грчкиот Парламент вечерва ќе го гласа буџетот - синдикатот на вработените во јавниот сектор започна 24-часовен штрајк
-

Сончево со појава на магла, температурите ќе се движат од - 6 до 13 степени
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
