Димитриеска Кочоска: СДСМ наместо да навредува, да побара отчет од своите градоначалници за нивното неработење

Секако дека ова не е отчет пред лидерот, затоа што ако беше отчет пред лидерот ќе беше зад затворени врати во партиската централа, а како што може да приметите имаме линкови во континуитет, кој како зборува и како дава отчет така се пренесува помеѓу граѓаните. СДСМ повторно покажува дека секој пат кога немаат што друго да кажат и кога немаат со што да се пофалат користа некој термини и зборови со цел да не навредат како што денес е зборот панаѓур, истакна Гордана Димитриеска Кочоска потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во тема на денот на Сител телевизија.
Таа дополнително посочи дека денес за разлика од навредите на СДСМ, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ поднеле отчет за што сработиле во минатата година, во една како што таа рече исклучително тешка година, долгови кои биле наследени, енергетска криза и опструкции од власта. За обвинувањата и навредите од СДСМ таа посочи
Ако ние правевме панаѓур, а сепак пак ќе речам не беше така туку дававме отчет, што направија тие, што направија нивните градоначалници, дали тие нешто реализираа со што ќе се пофалат? Немаат со што да се пофалат и најлесно е нападни го другиот кој што работи а кај себеси не погледнуваш каква е состојбата. Денес наместо да погледнат и да си ги повикаат нивните градоначалници и да си побараат првин во партијата отчет од нив зошто не работат тие се служат со напади, рече таа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
