Loading Video...
Кошарка
26. February 2022 - 17:54

Димитриевиќ и Магдевски го одработија првиот денешен тренинг

Машката македонската кошаркарска репрезентација, се врати во Скопје, каде утревечер ќе го одигра возвратниот натпревар против Грузија во рамките од квалификациите за СП 2023 година.
 
Откако пред два дена во Тбилиси го одиграа првиот меч кој Грузијците го добија убедливо со 21 поен разлика 91:70, утревечер во Скопје, Македонија и Грузија ќе одиграат нов натпревар. 
 
Она што е сигурно дека и на овој меч ќе го нема селекторот Драган Баиќ, кој е Ковид позитивен, па и овојпат Александар Јончевски ќе ги предводи црвено-жолтите од клупата. 
 
 
Од првиот натпрвар на кој недостасуваа шестмина првотимци, ново име во тимот ќе биде и Андреј Андоновски, а во составот најверојатно се враќаат и Ненад Димитриевиќ и Андреј Магдевски. Тие го одработија утринскиот тренинг и се очекува по вечерниот да му се стават на располагање на Јончевски.
 
Во тимот ќе ги нема Маслинко и Митревски кој се здобија со повредени на дуелот во Тбилиси. 
 
Натпревар Македонија - Грузија што ќе се игра утре од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, е дуел од 4.коло во Г групата во која средбата меѓу Украина и Шпанија нема да се одигра поради актуелната безбедноста ситуација во Украина