Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор

Недозволиво е Артан Груби да биде во куќен притвор, оцени вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.
Во гостување на ТВ Сител, Димитриевски истакна дека ЗНАМ има одлични односи со коалициските партнери, дека со премиерот се уште не разговарал за реконструкција, ниту за ресори, ниту за конкретни имиња, како и дека е апсолутно задоволен од двајцата свои министри, за правда и за јавна администрација кои, како што напомена, се максимално посветени на реформите.
Димитриевски е дециден дека ЗНАМ нема да прифати учество во влада, чиј составен дел би била сегашната, како што истакна, нереформирана ДУИ.
-Граѓаните мора да се исти пред законот, а Македонија како држава треба да се постави многу сериозно пред сите предизвици и не смееме да гледаме репризи. За преседанот со Груби министерот испрати јасна порака до судско-обвинителската власт зашто видовме дека се случи реприза на многу такви случаи во минатото. Ако имате личност која побегнала од државата, а во меѓувреме известувала дека отишла да се прошета и ви се враѓа по месеци, нездозволиво е да ја ставите во куќен притвор, а од друга страна да гледате луѓе во притвор за многу мали квалификации на кривични дела, порача Димитриевски во врска со барањето на министерот за правда, Филков, МВР и АНБ да дадат јавна информација како процениле дека Груби не е безбеден во притвор.
Според претседателот на ЗНАМ, имало недоразбирање на релација институција за одржување притвор и безбедносните служби и за тоа тие треба да дадат јасен одговор, а министерот постапил согласно своите овластувања.
-Видовме само една реприза - играње тенис пред јавноста, судот се повика на обвинителството, а обвинителството на судот. Груби моментно е во куќен притвор, седи дома и си пие чај. Дали јавноста се согласува со такво нешто или не? Ако ние сме држава што не можеме да обезбеди безбедност на некој граѓанин, тогаш се поставува сериозен знак прашалник дали можеме да гарантираме безбедност на поединец што е на функција. Неприфатлив е ваков одговор. Груби требаше да оди таму каде што е пропишано - во истражниот затвор Шуто Оризари, но не сакам да се впуштам во коментирање судска одлука. Во државата мора да има правда и за Груби и за секој друг поединец. Груби побегна во странство за да си даде луфта од 14 месеци се врати. Првично обвинителот предложил и доставил докази за одлуката куќен притвор, тука се и безбедносните служби. Јас немам увид во документацијата, но постојат институции и личности кои можат да ги добијат доказите, едни од нив се РСС и Советот на јавни обвинители, рече Димитриевски.
За евентуални предвремени избори, тој рече дека ова прашање треба да му се постави на премиерот.
-Ние сме секогаш подготвени за избори, но ќе си ја премиериме нашата тежина, порача Димитриевски.
Во врска со случувањата на Блискиот Исток, претседателот на ЗНАМ смета дека има и допрва ќе следуваат еконосмки последици.
-Ние треба да се држиме до партнерите во НАТО и нашите стратешки партнери и да ги заштитиме нашите граѓани во регионот на Блискиот Исток. Јас, како градоначалник одржувам редовни контакти со нив, истакна Димитриевски.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Теодора, мајка на 18-месечно бебе, се бори со рак – потребни се 3,4 милиони денари за лекување
-

Нетанјаху призна дека опаѓа поддршката за Израел во САД, вината ја гледа во социјалните мрежи
-

Вучиќ: Изборите ќе бидат распишани согласно Уставот и интересите на граѓаните на Србија
-

Мицкоски до Филипче: Со вас бевме на врвот по бројот на починати во корона кризата
-

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
-

Две нови електронски услуги на ДИЗ: сертификат за извоз на вино и сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки
-

Гаши за Законот за правичната застапеност: Ќе го искористам правото од Деловникот да проценам кога може да го повикам пленумот на гласање по исцрпената расправа
