Loading Video...
Ракомет
23. December 2020 - 19:57

Димитриоски: Бод е бод, мораме да бидеме задоволни

Ракометарите на Металург очекуваа прва победа во Европската лига против австрискиот Фајверс но на крајот спасуваа пораз и со резултат 33-33 двете екипи освоија по еден бод што всушност е прв бод за македонскиот претставник во ова натпреварување.  Тренерот на металурзите по мечот изјави дека по се што се случуваше мора да се биде задоволен: 

Оливер Димитриоски: Бод е бод, можеше да се случи буквално се, ама мора да бидеме задоволни. Она што ме прави горд е што играчите го одржаа ветувањето, дадоа се од себе. По тој долг карантин и врзани натпревари, овој меч ни беше додатно оптеретување. Имавме осцилации од играта, успеавме да се вратиме од негатива и ако говорам реално задоволен сум од постигнатото.