Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
Премиерот Мицкоски не бил организирано следен од Агенцијата за национална безбедност но не можам да тврдам дека неговото име на се споменува во некои разузнавачки списи. Екс директорот на АНБ во интервју за 360 демантира дека се злоупотребувале ресурсите на агенцијата
Димовски демантира дека имало и организирано следење на ВМРО-ДПМНЕ иако признава дека по инцидентите во Собранието во пресрет на големи настани се вршеле серија проверки во кои можеби имало партиски функционери, но како што рече, тоа не било организирано.
И тој како и опозициската СДСМ бара да се декласифицираат документите. За разлика од него, Министерот за внатрешни работи во интервју за Радио Слободна Европа вели дека сега на потег е Обвинителството кое треба да си ја заврши својата работа.
Очекувано аферата АНБ и денеска е дел од меѓупартиските преписки
Аферата АНБ ја отвори актуелниот директор на Агенцијата кој на брифинг со новинарите сподели дека група вработени во агенцијата предводени од поранешен директор ја злоупотребувале положбата и оперативно го обработувале премиерот Мицкоски додека бил лидер на ВМРО-ДПМНЕ како и повеќе високи државни функционери, обвинители, медиуми и новинари.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар