Македонија
29. May 2021 - 16:43

До кога Унеско ќе ја чека реализацијата на поставените услови?

Унеско неможе бескрајно да ни дава шанси за да се зачува охридскиот регион како природно културно светско наследство смета научната фела. Доколку не се исполнат условите градот ќе се најде на листата на загрозени подрачја. Дивите градби покрај брегот, неконтролираната урбанизација со која се губи автентичниот лик и загадувањето  на Охридското Езеро се едни од црните точки за кои државата треба да превземе сериозни мерки.

Од граѓанската иницијатива Охрид СОС се децидни дека одржливиот развој треба да биде приоритет за еден вака значаен регион кој треба да се стреми за развој на елитниот туризам.

Градоначалникот Георгиески пак тврди дека општината останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО и води грижа за запирање на деградацијата на нашиот регион додавајќи дека моментално се работи на отстранување на бесправните објекти од плажите, кои тековно ќе се уредуваат согласно сите препораки за заштита на природата.