Македонија
24. July 2025 - 11:56

До недела многу топло, до 43 степени

Утре и во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43 степени Целзиусови, соопшти УХМР.

Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

 

МИА