-->
-->
До недела претежно облачно со дожд и снег, од понеделник стабилно и студено
-->

Под влијание на циклонска активност до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со наврнати над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Поради продор на постуден воздух од север во деновите од викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег.
На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сантиметри, а помала покривка од два до 10 сантиметри се очекува да се формира и на повисоките места.
Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: 373 прекршоци кај возачите при акциска сообраќајна контрола, откриен и возач без дозвола
-

Ужас во Струмица: 21-годишник силувал 12-годишно девојче
-

Мицкоски: Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии
-

Финансиската полиција откри даночно затајување од над 1,6 милиони евра
-

„Вратете ги без страв од осуда“ – Украдена Пресветата Причест од католичка црква на Бит-пазар
-

Фон дер Лајен: ЕУ ја продолжува максималната поддршка за Украина
-

Од вечерва до недела облачно и студено со врнежи од дожд и снег
-

Британците од идната година ќе можат да купуваат автомобили преку платформата на „Амазон“
