Македонија
4. September 2025 - 17:19

До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани

Осум досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеш дека непотребно биле оперирани во приватни болници се доставени до интерната комисија во министерството за здравство. Ова следи по наводите на кардиологот Сашко Кедев кој обелодени дека во приватни установи се изведувале интервенции без медицинска оправданост. Случаите утре ќе бидат разгледани од 15 члената комисија. Истите потоа ќе ги анализираат и независни странски експерти. Паралелно Азир Алиу побарал и стручен надзор од Лекарската комора. Тој денеска не кажа од која клиника се доставени “сомнителните” досиеја на пациентите, ниту каде претходно на истите им биле правени операции безпотреба. 

- Досиејата се доставени од  институција, не од поединец, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Недостигот на анестезиолози на Државната кардиохирургија поради што е лимитиран и бројот на интервенции во установата, но и потребата од стручен кадар во другите клиники, министерот Алиу ќе го решава со договор за соработка со Словенија. 

- Тоа, во пракса значи дека може доктори да дојдат привремено тука од три до шест месеци, во рана фаза е проектот, беше нагласено, а наши лекари, таму.

И податоците на Фондот за здравствоп покажаа дека во приватните болници се правеле повеќе кардиохируршки интервенции отколку на државната клиника.