Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско

Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа, доцна синоќа околу 22:20 часот беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови со возила пинцови исто така ангажирани од ДСЗ, како и три ер трактори и хеликоптер на МВР.
Сите тие заедно со брза и ефикасна интервенција не дозволија огнот да се прошири и на куќите во двете села, а беа спасени од пожар овоштарниците и лозовите насади во атарот на двете села лоцирани во Општина Градско, во реонот на Клепа.
Огнот започна кај селото Долно Чичево вчера утрото околу 9 часот и брзо се проширина на теренот кон село Горно Чичево, притоа излезе од контрола и се прошири кон околните ридови и направи линија од околу 10 километри.
Директорот на Дирекција за заштита и спасување, Стојанче Ангелов доцна синоќа од терен во видео снимка на ДСЗ дадена за медиумите, во врска со овој голем пожар од кој постоела голема опасност по куќите од двете села Долно и Горно Чичево, како и лозовите насади и овоштарниците, оцени дека Димче Јованов, командирот на ТППЕ Велес е вистински херој.
Во изјавата, командирот на велешките пожарникари Димче Јованов информира дека теренот бил многу тежок, но благодарение на помошта на неговите колеги од Кавадарци и Неготино како и на доброволците и помошта од ДЗС и МВР пожарот кој вчера утро бил пријавен во ТППЕ Велес околу 9:00 часот е целосно ликвидиран синоќа околу 22:20 часот, кога догоруваше последното дрво од пожарот, а кога тие направија и увид на опожарениот терен.
Воедно командирот Јованов, најави и за утрово, екипа од ТППЕ Велес повторно да излезе на опожарениот терен и да направи уште една контрола.
МИА
Ново на Сител
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица
-

ЕК објави распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
-

Ужас во Прилеп: 48-годишник во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
-

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале
-

Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска
-

Речиси 500 мигранти за два дена биле откриени во близина на грчкиот остров Крит
-

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата
