Доделени годишните новинарски награди на СЕММ, посебно признание и за Сител
Награди за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот мај 2025-април 2026 година, додели денеска Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).
Добитникот на првата награда е Михаил Милошевски за сторијата „Како Македонија ќе го напушти јагленот без да ја загуби енергетската стабилност“, објавена на порталот 360 степени.
Втората награда ја добија Александар Методиев и Сузана Мицева од Нота.мк за документарниот филм „Нелегалните патишта на отпадот“.
Третата награда ја доби Валентина Вурмо за сторијата „Дали освен сопственото не труе и странско ѓубре“.
Посебно признание доби и новинарот на ТВ Сител, Иван Кузмановски за серијата документарни филмови посветени на состојбата со Преспанското езеро. Станува збор за два документарни филмови, „Што ја гуши Преспа“ и „Цената на преспанското јаболко“, емитувани на ТВ Сител во август и октомври минатата година.


Посебно признание беше доделено и на новинарите Александар Манасиев и Фисник Џелили.
Доделувањето на наградите беше организирано во пресрет на 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.
Шефот на секторот за соработка при ЕУ Делегацијата, Штефан Худолин, рече дека Европскиот зелен договор, кој започна во 2019 година, ја постави визијата не само за решавање на еколошките предизвици, туку и за реобликување на економијата кон одржливост и отпорност, како долгорочна обврска за позелена и поправична иднина.
Тој посочи дека се соочуваме со сè поголеми предизвици од лажни информации за климатските промени, кои го поткопуваат јавното разбирање и го одложуваат дејствувањето.
„Мораме да се потпираме на медиумите, а во некои случаи тие се намерно поттикнувани од различни интереси, се шират брзо преку дигитални платформи, со што се зголемува збунетоста, а последиците се реални. Дезинформациите се опасни за реформите, ја продлабочуваат општествената поделеност и ја поткопуваат волјата за решавање на глобалните кризи. Во ваква средина квалитетното новинарство е незаменливо. Новинарите имаат клучна улога не само во известувањето за факти, туку и во давањето контекст, преиспитување на лажните информации и обезбедување пристап до точни информации“, додаде Худолин.
Извршната директорка на СЕММ, Билјана Георгиевска, рече дека е разочарана од фактот што Македонија сè уште е еколошка црна дамка во регионот.
„Во едно интервју со Худолин, тој ми спомна дека регионот загадува многу повеќе отколку земјите во ЕУ. Не треба да се гордееме со тоа и ќе продолжиме да ги поттикнуваме новинарите да работат храбро и посветено, да останат на оваа тема и да има што повеќе вакви прилози во редовните медиумски содржини“, додаде Георгиевска.

Ново на Сител
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
-

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија
-

Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел
-

Повлекувањето на американските сили од Германија покажува дека Европа мора да преземе поголема одговорност за својата одбрана, коментира Берлин
-

Трамп вели дека морнарицата на САД дејствува „како пирати“
-

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата
-

Трамп потпиша нови санкции против Куба
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
