Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи Милорад Додик му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници за укинување на санкциите кон него и неговите соработници.
Тој истакна дека со укинување на санкциите „исправена е голема неправда“ нанесена на Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства – „неправда создадена од администрациите на Обама и Бајден“.
Одлуката за укинување на санкциите не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и сите оние кои чесно ѝ служат. Уште еднаш се покажа дека сè што беше кажано против нас беше лага и пропаганда, врз која беше изграден големиот хаос што го создаде Кристијан Шмит, хаос што сега мора да се исчисти.
На оние кои се фалеа и веруваа во туѓите лаги овие години може да им се прости сè, освен за годините што ги изгубивме затоа што веруваа дека Република Српска ќе падне, објави Додик на платформата Икс.
Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ) на Министерството за финансии на САД ги отстрани Додик и членката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, од листата на санкции. Претходно, санкционираните членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници исто така беа отстранети од листата.
Според неофицијални извори укинувањето на санкциите се дел од договорот помеѓу САД и Додик – по правосилната пресуда тој да се повлече од функцијата претседател на РС и да се именува вршител на должноста. Ана Тришиќ-Бабиќ е избрана за вршител на должноста претседател на РС.
МИА
Ново на Сител
-

Акција на МВР: Приведен Бујар Дарлишта и уште десетина лица за економски криминал
-

Ја искршил влезната врата на објектот и студиото, ги пцуел и се обидел да ги нападне, обвинение за упадот во Инфомакс
-

Орбан: Прашањето за заемот за репарации е затворено, целата идеја е глупава
-

Крај на телевизиската ера на Оскарите - од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб
-

Се руши дивоградба во Инџиково, сопственикот не го почитувал законот
-

Денеска е Заслуг, а утре е големиот празник Свети Никола
-

Скопје утрово седми најзагаден град во светот, втор во Европа
-

Алиу-Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката со Република Албанија во областа на здравството
