Македонија
19. July 2026 - 16:31

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма

Со растот на температурите расте и бројот на туристи во Дојран. Засега најголема е посетеноста за време на викендите, но според информациите од локалната самоуправа, веќе се пополнуваат сместувачките капацитети и во работните денови. Традиционално, туристичкиот шпиц се очекува во последната недела од јули и во текот на август. Покрај домашните гости, се почесто може да се сретнат и странски туристи, пред се од соседна Србија  кои велат дека Дојран е одлично место за одмор поради добрата гастрономска понуда, прифатливите цени и пријатната клима.

Градоначалникот на Дојран вели дека годинава посебен акцент бил ставен на уредувањето на плажите, а најавува и богата културно забавна програма  во чии рамки повторно ќе биде организирана манифестацијата ,,Дојранско културно лето , Дојрански ракувања,, .

Од Општина Дојран очекуваат успешна туристичка сезона. Доколку се земат предвид досегашниот интерес и резервациите на сместувачките капацитети, очекувањата се дека и годинава ќе бидат реализирани околу 100 илјади ноќевања.