Македонија
12. December 2016 - 16:24

Доколку не се закаже во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на 21-виот ден од денот на завршувањето на изборите

Собрание до Нова година, Влада втората половина на јануари. Ова се роковите по вчерашните предвремени парламентарни избори.

-Според член 63 од Уставот на Република Македонија, новоизбраниот состав на Собранието се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, која ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.Доколку седница не се закаже во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на 21-виот ден од денот на завршувањето на изборите.

И за формирање Влада има точно утврдени рокови.

-Според член 90 од Уставот, претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите кои имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.