Македонија
22. August 2025 - 18:59

Документарен филм ,,Што ја гуши Преспа?”

Документарниот филм ,,Што ја гуши Преспа?” на новинарот Иван Кузмановски го детектира проблемот со дивите депонии и загадувањето на животната средина. Преку разговори со локалното население, граѓанските активисти и надлежните служби за мерење на квалитетот на водата во Преспанско езеро се посочува на ниската свест за правилно одлагање на отпадот и последиците од таквиот однос врз езерото. Со овој документарен филм, изработен во соработка со Институтот за комуникациски студии, ТВ Сител се вклучува во кампањата ,,Преспа разбуди се” за чиста животна средина.