-->
-->
Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-->

Вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава во август 2026 година изнесувало 506.386 мегават-часови (MWh), што претставува 97,2 проценти од бруто-домашната потрошувачка, објави Државниот завод за статистика.
Во август, вкупната потрошувачка на електрична енергија изнесувала 520.849 MWh, на природен гас 17,563 милиони нормални кубни метри (nm³), на јаглен 175.578 тони и на нафтени продукти 119.046 тони.
Според податоците, 99,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен биле употребени за производство на електрична енергија.
Во споредба со август 2025 година, потрошувачката на природен гас во август годинава е намалена за 13 проценти, додека потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 7,1 процент.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
