Македонија
27. March 2026 - 12:19

Домот за стари лица во Кочани станува реалност

Потпишан договор за изградба на дом за стари лица во Кочани. Според обврските преземени од страна на фирмите изведувачи на градежниот зафат, објектот треба да биде завршен за 2 и пол години. Ќе се гради во кругот на поранешната касарна, ќе биде со површина од 4 000 квадратни метри и капацитет за 150 корисници.

Домот ќе има три ката, со соджини за медицинска грижа, рекреација и социјален живот, а во здравствените третмани ќе се користат и геотермалните води.

-Се надеваме со карабина да завршиме до крајот на годината, а веќе наредната година да продолжиме со уредување. Претпоставувам дека ќе завршиме во предвидениот рок од две и пол години, изјави Владко Грозданов, градоначалникот на Кочани.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува нешто повеќе од 4 милиони евра, а средствата се обезбедени преку унгарски кредит. Потребата од ваков објект е особено изразена во источниот регион, поради интензивниот иселенички бран на младата популација во западно европските земји.

-Од исклучителна важност е домот за стари лица. Факт е дека многу лица се иселени, и тоа претежно млади луѓе. Сега проблем е што своите родители нема каде да ги згрижат, додаде Грозданов.

Листите на чекање се долги, а новиот дом во Кочани треба да ја подобри состојбата. Како државна установа, се очекува да понуди пониски и подостапни цени во споредба со приватните домови.