Македонија
3. February 2022 - 16:36

Допрва ќе се прави платформата на која ќе се објавуваат позитивните - името и другите податоци видливи само за пациентот

Веб платформата за добивање на решенијата за изолација поради ковид ја нема. Владата ја најави, но кога позитивните ќе можат со впишување на нивното име да го добијат документот, од Министерството за здравство ни одговорија дека во тек е изработката на дигиталниот модел.

Иако првичната замисла беше јавно објавување на новодијагностицираните на сајтот на ДСЗИ, надлежните вчера попладне со дообјаснување – само лицето што има ковид ќе може да го види решението. Правни експерти реагираа дека во услови кога никој не почитува закони нема потреба од паника.

-Кога никој не почитува закони ова е нужно зло на владата – само име и прва буква од презимето, освен тоа ќе биде информиран телефонски и не разбирам зошто хистерија во државата ем никој не почитува закони ем сите се правници, вели Борче Давитковски професор по управно право.

Освен процесот на дигитализирање, министерот за здравство периодот во акција и за поттикнување на имунизацијата која во Македонија се уште е на многу ниско ниво. Заеднички со верските поглавари апелираат  - вакцините се најдоброто решение против Ковид-19.

Во време на пандемија, кога секој е погоден од вирусот и кога голем дел од нас изгубија блиски, сакам на овој начин да упатам апел за вакцинација против оваа чума која веќе две години ни го смени начинот на живеење. Убеден сум дека ова е единствениот начин за заштита од ширење на вирусот и затоа вакцинирајте се“, изјави Беким  Сали, министер за здравство.

Во посланијата за големите верски празници постојано апелиравме да се почитуваат мерките ,затоа што е подобро нешто да се спречи отколку да се лечи“, изјави Г. г. Стефан, поглавар на МПЦ.

„Во сите џамии на секоја петочна џамија апелиравме за почитување на мерките, а имавме наредба да се апелира до верниците да ја сфатат вакцинацијата сериозно, изјави Поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху.

Интерес за вакцинација нема, а Омикрон ја полни ковид статистиката. Само во јануари биле дијагностицирани повеќе од 40.000 случаи, а во пораст е и бројот на оние што ја изгубиле битката со вирусот.