Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба
Уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти се доставени до Фондот за здравство со сомнеж дека им биле правени непотребни интервенции во приватни болници.
Претходните 8 случаи се разгледани од стручната комисија формирана од министерството, истите ќе ги анализира и тим од лекарската комора, а странските експерти својот став ќе го кажат после изборите. Министерот истакна дека нема да се даваат делумни информации туку ќе излезат со конечен извештај дали и какви злоупотреби се правеле.
За наводите изнесени од кардиологот Сашко Кедев кој кажа дека во приватни болници на пациенти им биле правени интервенции на срце без медицинска оправданост, Премиерот рече дека кога нешто доаѓа од светски експерт мора да има позадина, целосно ќе се проверат сите индициите и мора да има одговорност.
- За секој што се богател на грбот и здравјето на граѓаните ќе има одговорност, рече Христијан Мицкоски, Премиер
Премиерот најави интергрирање на државните клиники за кардиологија и кардиохирургија во Национален кардиоваскуларен центар, кој е во подготовка, а ќе се реазлиизра после изборите.
Во меѓувреме недостигот на анестезиолози на државната кардиохирургија каде имаат само 2 вакви специјалисти ќе се дополнува со доктори од регионот за да се зголеми борјот на операции.
На државната кардиохирургија денеска беше промовирана надградувањето на хибридната сала единствена од таков тип во регионот.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар