Драстичен скок на цените на нафтата по најновите напади на САД и одговорот на Иран

Цените на нафтата нагло пораснаа, а азиските берзи претежно паднаа по новите воздушни напади на САД врз Иран и одговорот на Иран – објавија американските медиуми.
Цената на нафтата на брендот „Брент“ од Северното Море се зголеми за 4,7 проценти, на 79,59 долари за барел, а американската сурова нафта WTI доби 4,8 проценти, на 74,85 долари за барел.
Цените на нафтата претходно се вратија на приближно предвоените нивоа откако двете страни постигнаа привремен договор за прекин на конфликтот и пратките на нафта преку Ормуската Теснина продолжија.
Меѓутоа, САД почнаа нови бранови воздушни напади против Иран во текот на ноќта во неделата по иранскиот напад врз контејнерски брод во Ормуската Теснина, кој се запали и еден член на екипажот беше исчезнат.
Потоа Иран возврати со напади врз повеќе земји на Блискиот Исток, повторно предизвикувајќи загриженост за безбедноста на клучната поморска рута за глобалната трговија со енергија.
Инвеститорите на „Волстрит“ сега го насочуваат своето внимание кон претстојната сезона на објавување на деловните резултати на американските компании, особено големите банки, вклучувајќи ги Bank of America, Citigroup, JP Morgan Chase, Goldman Sachs и Wells Fargo.
Новите тензии на Блискиот Исток дополнително ги замаглија изгледите за цените на енергијата и инфлацијата. Повисоките цени на нафтата би можеле да ги поттикнат централните банки, вклучително и Федералните резерви на САД, да ги задржат или зголемат каматните стапки, што би можело да го забави економскиот раст и негативно да влијае на инвестициите.
На валутните пазари доларот зајакна во однос на јапонскиот јен и се тргуваше за 162,10 јени за долар, а еврото малку се намали, на 1,1405 долар, пренесуваат американските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
