Македонија
6. September 2022 - 16:34

Драстично намалена вакцинацијата на децата

Здравствените власти го вклучуваат алармот поради нискиот опфат на имунизација кај децата. За да не се повтори сликата од 2019 кога во епидемијата со морбили имаше и смртни случаи, апелираат до родителите сериозно да го сватат задолжителниот календар. Бројките од ИЈЗ се алармантни и лани во Куманово процентот на вакцинирани со МРП е под 50 проценти а на ниво на држава едвај 70.

Не очекувам дека ќе дојде до епидемија, но мора да бидеме внимателни., апелирам до родителите да ги носат своите деца во пунктовите а не да чекаат да биде сотојбата алармамнта и потоа да ги бараат инситутциите. Навремено носење на децата на имунизација, вели Беким Сали министер за здравство.

Стерилитет после заушки и мозочен енцефалит од морбили се тешките копмликации кои настануваат поради невакцинирање со МРП и Дитепер...Многу кампањи, апели и информирање на родителите за неопходноста од вакцинација советуваат експерти за подигнување на опфатот со вакцини.

Чешламе документи и има масовно повикување на родители, и јас добив навремена покана за моето дете, не доцниме туку покана за редовната вакцинација, вели Сали.

Во епидемијата со мали сипаници во 2019 година имаше околу 2000 заразени и четири смртни случаи кај деца од 6 до 13 месечна возраст.