Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
Дрвокрадците продолжуваат да ги пустошат македонските шуми.
Иако надлежните институции периодов ги интензивираат контролите, криминалните активности стануваат сè поагресивни и поорганизирани, често влегувајќи во директни физички пресметки со полицијата.
Во текот на септември и во почетокот на октомври од страна на шумската полиција биле запленети над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса и поднесени 140 пријави.
Пред само неколку дена двајца жители од струшкото село Подгорци биле затекнати при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво во месниоста Подгоречки бачила.
При координирана акција на полициски службеници и шумската полиција, Е.А. (46) и Р.А. (45), двајцата од Подгорци, биле затекнати при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво.
Дрвата потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“, со намера нелегално да ги транспортираат.)стои во соопштението на СВР Охрид.
Колкави се загубите на шумите, ќе покажат анализите.
Но она што е сигурно пустошот нанесува, еколошки и безбедносни штети кои директно ја загрозуваат иднината на македонските шуми.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
