Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит

Шестотини млади спортисти од четири региони денеска во Скопје се дел од финалето на државното првенство во рамките на „Плазма - Спортските игри за млади“ во Скопје и ќе се натпреваруваат за пласман на меѓународното финале во Сплит (17 - 22 август). Натпреварите се одвиваат во десет дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал (2015), баскет 3х3, ракомет, одбојка, одбојка на песок, народна топка, тенис, шах, пинг-понг и атлетика.
Министерот за спорт Борко Ристовски на отворањето на финалето во општина Кисела Вода истакна дека реализацијата на настанот претставува исполнување на заложбите државата да стане дел од овој голем меѓународен проект. Тој нагласи дека поддршката за вакви настани ќе продолжи бидејќи тие не се важни само поради резултатите, туку и поради вредностите што ги носат.
- Не е најважно кој ќе победи, туку децата да научат вистински вредности и да ги сфатат поразите како лекции што ќе ги направат подобри личности - рече Ристовски додавајќи дека Владата и Министерството ќе продолжат да поддржуваат иницијативи што ги развиваат и спортот и младите.
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска-Трајковска, нагласи дека е чест што Општината е домаќин на финалето. Таа посочи дека просторот на кој се одржуваат натпреварите бил целосно обновен во изминатата година како резултат на заедничка соработка меѓу институциите.
- Заедно, со поддршка на Владата, Министерството за спорт, Општината и Град Скопје, направивме нов почеток и создадовме услови за одржување вакви големи настани - истакна Стаменковска-Трајковска упатувајќи им порака на младите учесници да настапуваат тимски и да постигнат успеси и на меѓународната сцена.
Претставничката на организаторот, Елена Мицковска, порача дека ваквите настани имаат пошироко значење од самиот спортски натпревар.
- Спортот е движечка сила и најголем амбасадор на една држава, а токму младите спортисти го докажуваат тоа. Целта е да се поттикнат ферплеј, толеранција и дружење и да се изберат најдобрите кои ќе ја претставуваат Македонија на финалето во Сплит - рече Мицковска.
„Плазма - Спортските игри за млади“ годинава првпат се одржуваат во Македонија. Станува збор за манифестација што одбележува 30 години постоење и важи за едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа, со главна мисија да обезбеди бесплатен спорт за секое дете. Освен Македонија, во игрите учествуваат и Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и во Србија
МИА
Ново на Сител
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
-

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
-

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик
