Македонија
6. July 2016 - 16:15

ДСЗИ го забрани капењето на четири плажи во Дојран

Неколку плажи на Дојранското езеро се забранети за капење.

Вакво решение донел Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако последните анализи од пред една недела направени во Центарот за јавно здравје Велес покажале дека водата во езерото на 4 мерни места е загадена. Бактериолошката и хемиската неисправност била од 3 степен.

-Тоа се мерните месра Градска плажа, Крвен Крст, Златен брег и Калдрма. Информнирани се и градоначалникот и комуналното претпријатие кое стопанисува со езерото да постават табли за забрана за капење, изјави за Сител д-р Вера Менковска, инспектор во ДСЗИ.

Од ДСЗИ велат дека доколку надлежните преземат соодветни мерки за подобрување на квалитетот на водата во езерото забраната ќе биде тргната веднаш.

-Ако анализите покажат подобри резултати забраната ќе биде тргната, додава д-р Менковска.

Исто така и годинава Треска и Вардар се строго забранети за капење. Таму водата е од 4 и 5 степен бактериолошки загадена.

Од друга страна водата е чиста и безбедна во Охридското и Преспанското езеро.