Двајца браќа Словаци победници во натпревар на копање гробови

Двајца браќа Словаци се победници на натпреварот во копање гробови што минатата недела се одржа во рамки на меѓународната изложба на погребни услуги во Тренчин.
Ладислав и Чаба Складан, на возраст од 43 и 41 година, во еден град на запад од Словачка за само 54 минути ископаа гроб длабок 1,5 метар, долг два метра и широк 90 сантиметри, победувајќи десет други двочлени екипи од Словачка, Полска и Унгарија, пренесува Хина.
Нивниот гроб бил и најуреден, заклучило петчленото жири.
-Среќен сум што победивме. Тоа е вистинско задоволство по 15 години на оваа работа, рече Чаба.
Неговиот брат Ладислав се пожалил дека „морал да се концентрира на брзината, иако кога времето е убаво и можат да разговараат со својот брат, тоа е работа од соништата“.
Организаторот на натпреварот Ладислав Стриз рече дека целта била да се покаже оваа тешка работа што можеби недоволно се цени.
Ново на Сител
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
-

Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
-

ДЗР констатирал слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година
-

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател
-

Двајца мртви и повеќе од 30 повредени во пожарот во германската болница
-

Најмногу дожд во Скопје и Куманово, во Црешево измерени 74 литри на метар квдратен
-

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на речиси три илјади
