Двајца Косовари со „голф“ во Скопје превезувале 230.000 фалсификувани евра | ВИДЕО
Двајца косовски државјани се лишени од слобода во Скопје поради сомнение за фалсификување пари, соопшти МВР.
На 3 август 2026 година, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Р. (30) и Т.Т. (44), двајцата државјани на Косово.
При извршен преглед на возило „голф“, во кое се превезувале лицата, биле пронајдени пари во различни валути и апоени – евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти, со вкупна вредност од околу 230.000 евра.
Парите биле одземени, а двајцата приведени биле спроведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесен соодветен поднесок за кривичното дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
