Македонија
4. August 2026 - 11:09

Двајца малолетници и скопјанец осомничени за крвничкото тепање во Гостивар

Полицијата го расчисти насилниот настан во Гостивар, откако на социјалните мрежи беше објавено видео од тепачката.

На 2 август, 22-годишниот А.В. пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот на улицата „Борче Јованоски“, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од тројца мажи, кои употребиле тврди и дрвени предмети.

По преземените мерки и координација со јавен обвинител, полицијата ги идентификувала сите тројца учесници. Двајца од нив се малолетници од Гостивар, кои биле повикани на службен разговор, а по наредба на обвинител им биле одземени патните исправи.

Третиот осомничен е 20-годишниот В.Д. од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.

По целосното документирање на случајот, лицата ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)